Хулијан Алварез повторно е актуелна тема на пазарот, а по состанокот доцна изминатава ноќ меѓу неговите претставници и шефовите на Арсенал, многу повеќе се знае за ставот на аргентинскиот напаѓач.
За Алварез клучниот проблем не се парите, туку фактот дека Аргентинецот не сака да ја продолжи кариерата во Англија.
Желбата на Алварез е сè уште јасна – неговиот приоритет е трансфер во Барселона. Каталонскиот клуб е опцијата што напаѓачот ја претпочита најмногу доколку го напушти Атлетико Мадрид.
Ова е голем проблем за Арсенал, кој низ целата приказна се обидуваше да ја искористи ситуацијата и отворената врата што се појави во последните денови.
Лондонскиот клуб е подготвен да ја плати бараната отштета за Аргентинецот, но фактот дека фудбалерот не е заинтересиран да се пресели во Англија значително го комплицира евентуалниот договор.
Според овој извор, одлуката на Алварез била под влијание на лични и семејни причини, поради што трансферот во Премиерлигата во моментов не е опција што тој сака да ја прифати.
Во исто време, Атлетико Мадрид има многу јасен став кога е во прашање Барселона. Ова лето, мадридскиот клуб не сака да преговара со каталонскиот гигант за продажба на нивниот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
