По триумф за бараж за СП: Македонија со две измени во составот за мечот со Литванија (17 ч.)

Македонската женска ракометна репрезентација денеска од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје против Литванија го игра вториот квалификациски меч за пласман во баражот за Светското првенство во Шпанија.

По вчерашната победа над Исланд избраничките на Симе Симовски со дополнителен мотив за нова победа ја очекуваат и денешната пресметка.

Триумф над Литванија денеска ќе значи и пласман на Македонија во баражот за СП. Македонскиот селектор се одлучи за две измени во составот, па ќе играат Андреа Седлоска и Ангела Јанкуловска, на местото на Марија Тасевска и Милица Николиќ.

Се вчитува...