По вторпат меѓународен „Атлас куп“ за пливачи со атипичен развој

Спортското друштво ИТК Македонија и пливачкиот Клуб „Атлантида“ организираат второ издание на инклузивниот пливачки натпревар „Атлас зимски куп”. Сите пливачи и пливачки со атипичен развој ќе пливаат во името на заедништвото и солидарноста.

Натпреварот ќе се одржи утре (16. декември) со свечено отворање и изјави за медиумите во 14 часот во базенот „Борис Трајковски“.

На настанот се предвидени трки во сите пливачки дисциплини и возрасни категории, а инклузијата овој натпревар највисоко ја достигнува со штафетни трки каде пливачите ќе пливаат во мешани тимови заедно со лицата со атипичен развој.

Главен покровители на „Атлас зимски куп 2023“ е “EU Civil Resilience Mechanism“, а значаен придонес кон овој настан имаат „Меѓународна Организација за Економски развој(OIDE-IOED)” и Комерцијална Банка.

Се вчитува...