Младинската репрезентација на Македонија продолжи со контролните средби во пресрет на Европското Првенство – Б дивизија што ќе се одржи во Португалија. Нашата М20 селекција одигра двомеч на гостински терен со Унгарија, каде по вчерашната минимална победа од 56-58 со поените на Каркури во самиот финиш, денеска беше претрпен убедлив пораз од 56-47.
Мечот беше израмнет само до 11-11, по што Унгарците со мини-серија ја презедоа контролата и имаа водство буквално до самиот финиш. На одмор се замина со само три поени предност за домаќините (29-26), за потоа Македонија очајно да го одигра стартот на третата четвртина, што Унгарија ја отвори со серија од 9-0 и стигна до двоцифрена предност што ја претвори во рутинска победа.
Темелковски со 12 поени и 7 скокови беше прв стрелец во нашиот состав, а Михајлоски и Миса постигнаа по шест поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА