Победа ремизираше на ’тестот’ против Новаци

Прилепскиот прволигаш Победа и второлигашот Новаци, попладнево ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар одигран во Охрид. Први до водство дојдоа фудбалерите на Зоран Штерјовски, преку погодокот на Никола Шаркоски, додека пак Новаци го израмни резултатот во текот на второто полувреме преку Јованоски.

Тимот од Прилеп од денеска се наоѓа на подготовки во Охрид, каде напорно ќе се работи за вториот дел од сезоната. Што се однесува до Новаци, овој второлигаш има големи амбиции за вториот дел од сезоната и желба за пласман во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...