Победата на МЗТ над Бора помина во сенка на повредата на Фарахан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија победа во подготвителниот период, откако во тврд и драматичен контролен натпревар славеа над косовскиот тим Бора со минимални 71-69.

Иако средбата имаше пријателски карактер, на теренот се водеше голема борба со интензитет на официјален меѓународен натпревар. Избраниците на тренерот Васко Атанасов покажаа карактер во клучните моменти, играа максимално борбено до самиот крај и заслужено дојдоа до триумфот.

Сепак, радоста по победата ја засени повредата на американскиот интернационалец Ноа Фарахан, кој уште на самиот почеток од мечот го повреди коленото. Првичните прогнози беа загрижувачки, но надеж влева фактот што подоцна бекот се движеше без поголеми проблеми. Официјални детали за неговата состојба ќе бидат познати по деталните лекарски прегледи.

Следен предизвик за МЗТ Скопје ќе биде настапот на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски – Петкото“, кој ќе се одржи на 16 и 17 септември во Битола.

Се вчитува...