Победата се слави со најблиските (фотогалерија)

Македонските ракометарки врзаа две победи во низа во овој квалификациски циклус. Додуша, двете против аутсајдерот Фарски острови, но факт е дека вакви триумфи се добредојдени за зголемување на самодовербата пред ушт поголемите предизвици кои во иднина ќе ја очекуваат нашата национална селекција.

Леснотијата со која стигнавме до убедливо водство и рутината со која го одржувавме е нешто што мора да радува, како доказ дека навистина полека, но сигурно чекориме напред и во женскиот ракомет.

А по последниот свиреж на судиите, ракометарките се упатија кон трибините, за прослава со своите најблиски кои им даваа безрезервна поддршка во текот на целиот меч.

Се вчитува...