Победи на Лацио и Рома, 20 минути за Несторовски, Торино си обезбеди опстанок (ВИДЕО)

Лацио со гостинска победа против Верона од 1-5 во 36. коло и натаму ја зачува теоретската надеж за можност за титула во последните две кола од Серија А.

„Лацијалите“ до победата дојдоа со хет-трикот на Имобиле, и еден на Милинковиќ-Савиќ и Кореа.

 

Рома триумфираше со 2-1 против Фиорентина благодарение на голот на Џеко во 86. минута, а Удинезе победи со 0-1 на гостувањето против Каљари со погодокот на Окака уште од 3. минута на натпреварот. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во игра влезе во 68. минута од средбата.

Торино обезбеди и дефинитивно опстанок во Серија А по ремито (1-1) на гостувањето против СПАЛ.

РЕЗУЛТАТИ – 36. КОЛО

Рома – Фиорентина 2-1

Каљари – Удинезе 0-1

СПАЛ – Торино 1-1

Верона – Лацио 1-5

Јувентус – Сампдорија (21:45 ч.)

Се вчитува...