Почетнички кикс на Том Брејди (ВИДЕО)

Тампа Беј Баканерс загуби од Чикаго Берс со 20-19 во првиот натпревар од петтото коло во НФЛ лигата. Еден од најдобрите квотербекови на сите времиња Том Брејди во финишот на мечот имаше почетничка грешка поради која неговиот тим на крајот остана без победата.

При негатива во последниот напад, Брејди по еден неуспешен пас мислеше дека има уште еден обид, верувајќи дека тоа бил трет обид за неговиот тим, а не четврти. Пасот не беше успешен, а откако судиите и го одземаа поседот на Тампа, стигна незадоволство кај Брејди кој мислеше дека има уште еден обид. Американските медиуми по поразот се едногласни дека и покрај солидната партија на најдобриот на сите времиња, поради ваквите грешки веќе е можеби време за крај на кариерата.

 

Се вчитува...