Почина еден од основоположниците на кик-боксот во Македонија, Златко Неделковски

Еден од основоположниците на кик-боксот во Македониај Златко Неделковки денеска почина, објавија неговите соработници.

„Почитувани пријатели – членови на Академијата за боречки вештини и спортови ЗА НЕД ДО и спортски соработници. Со жалење би сакале да Ве информираме дека денес 1-ви Ноември 2020 година во 15 часот престана да чука срцето на нашиот татко – учител и мајстор Златко Неделковски [1960 – 2020].

Профилот во деновите кои следат ќе премине во меморијален.
Ви благодариме за Вашето сочувство и Вашите мисли се со нас како семејство и членови на Академијата за боречки вештини и спортови ЗА НЕД ДО кои половина век како спортски работник ги третираше како свои деца“,  Од семејството во тага.
Златко Неделковски е роден на 13.04.1960 во Битола, со боречки вештини започнува да се занимава од далечната 1971 година и тоа своите почетоци ги започнува со карате, за подоцна да продолжи да го следи концептот на џит кун до, кунг фу и кик бокс. Престојот во далечна Австралија му помогна да ја совлада ЧИ енергијата, и да се усоврши самиот себе со помош на неговиот учител-Кинезот Чен. Се до смрта на својот учител тој не ги применуваше јавно своите способности со ЧИ енергијата… а подoцна започнува со демонстрации и пренесување на своето знаење на својата ќерка Дијана Неделковска. Своевремено носител на титулата шампион на Југославија со старокинеско оружје -1986 , шампион на Југославија во Кунг фу Бокс во категорија до 71 кг.-1988 и Европски шампион со старокинеско оружје-1992. Во 1985 година основач на првиот и единствен Кунг Фу Клуб-Битола, а во 1992 година основач и на Кунг Фу Фул Контакт Сојузот на Р. Македонија.

Се вчитува...