Почина контроверзниот Макс Мозли, поранешен претседател на ФИА

Поранешниот претседател на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Макс Мозли починал денеска во Лондон, пренесуваат британските медиуми.

Мозли цели 16 години беше прв човек на ФИА, а се повлече во 2009 година по секс-скандалот откриен со објавени негови фотографии од садо-мазо оргии со нацистичка симболика со изнајмени проститутки.

Долго време се обидуваше да го спречи и забрани ширењето на фотографиите во јавност, но не успеа во тоа.

Информацијата за смртта на Мозли денеска ја потврди и поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун истакнувајќи го значењето на Мозли за развојот на автомобилистичкиот спорт.

Се вчитува...