Почина легендарниот аргентински голман „Ел Локо“ Гати

Легендарниот аргентински голман Хуго Орландо Гати почина на 80-годишна возраст, по два месеца поминати во болница поради боледување.

Познат по надимакот „Ел Локо“, Гати е еден од првите голмани кои често играа со нога. Тој е сопственик на рекорд во аргентинското првенство со дури 765 одиграни натпревари.

Во текот на богатата кариера никогаш не играше надвор од јужноамериканскиот континент. Ја предводеше Аргентина на Светското првенство во 1966 година.

Се вчитува...