Почина најдобриот голман во историјата на Ливерпул

Легндарниот англиски голман Реј Клеменс почина денеска на 72-годишна возраст. Клеменс цели 12 години беше прв голман на англиската репрезентација, а најдобрите моменти во кариерата ги мина бранејќи го голот на Ливерпул за време на славните седумдесети години од минатиот век. Пред крајот на кариерата тој се пресели во Тотенхем, каде настапуваше до 40-годишна возраст.

Фудбалските статистичари го вбројуваат Клеменс меѓу 25-те фудбалери во историјата кои имаат одиграно повеќе од 1.000 натпревари во кариерите. Тој успеал да освои вкупно 21 трофеј, од кои дури 18 со Ливерпул. Интересен е податокот дека за 14-те сезони колку што ги мина во таборот на „црвените“, тој пропуштил само шест средби на овој клуб

Според магазинот „Тотал Футбол“, Клеменс е избран а најдобар голман на сите времињ, пред Лав Јашин, Питер Шилтон, Гордон Бенк и Пет Џенингс.

Се вчитува...