Taжна вест пристигна утрово од Соединетите Американски Држави, легендарниот НБА кошаркар Боб Пети почина на 94-годишна возраст.
Тој ќе остане запаметен како првиот добитник на МВП наградата откако НБА-лигата го воведде ова признание во 1956 година. Пети во 1958 година и втор пат беше избран за најкорисен кошаркар во најсилната лига на светот.
Тој целата кариера (од 1954 до 1965 година) ја мина во хоукс, клуб што во тоа време беше стациониран во Милвоки, потоа во Сент Луис. Како дел од Сент Луис хоукс тој ја освои единствената титула во 1958 година.
Два пати беше најдобар стрелец на НБА-лигата, а еднаш и најдобар скокач. Од влегувањето во НБА-лигата тој секоја година беше дел од олстар викендот, a четири пати беше избиран за МВП на овој спектакл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
