Почна Ла Лига: Триумф на Алавес, црвен картон за Хетафе

Алавес славеше со 3-0 на дуелот против Хетафе со кој беше отворена новата сезона во шпанската Примера дивизион, во првото коло во кое главните фаворити Барселона и Реал своите натпревари ќе ги играат кон крајот на месецот.

Хетафе е тим познат по груба игра со години наназад, тренд што мадридскиот клуб го продолжи и во ова прво коло, со црвениот картон што го заработија Феминија во 42. минута.

Алавес нападна и успеа да ја искористи предноста од фудбалер повеќе во финишот, најпрвин Тенаља погоди за 1-0 во 71. минута, по што домаќините постигнаа уште два погодоци во судиското продолжение, дело на Дијаз и на Родригез.

Се вчитува...