Серхио Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната и со статус на слободен фудбалер како 33-годишник започна да бара следна дестинација каде ќе ја продолжи кариерата. Аргентинецот од „Етихад“ заминува како најдобар клупски стрелец на сите времиња со ефект од 257 погодоци на досега одиграни 384 натпревари.
Последните денови се пишуваше дека кариерата би можел да ја продолжи во Барселона, каде би играл со својот соиграч од репрезентацијата, Лионел Меси, но шпанските медиуми наведуваат дека тоа нема да се случи затоа што не се вклопува во визијата на Роналд Куман.
Доколку Барселона навистина се откаже од можноста да го доведе, Агуеро ќе може да разгледа и други опции што му се нудат. Станува збор за клубови со шампионски амбиции, па се наведува дека постои интерес од Интер и Јувентус од Италија, Пари Сен Жермен од Франција, а се споменува дека во Англија тој би можел да остане во Манчестер и да го замени дресот на Сити со оној на Јунајтед.
ПСЖ се споменува како најсериозен кандидат за потпис на Агуеро, тимот од Париз може да понуди пари колку што ќе посака Кун, па имајќи ја предвид финансиската криза во другите клубови од Европа која е предизвикана од Ковид-19, Агуеро многу лесно може да се приклучи на тандемот – Нејмар и Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА