Почнува НФЛ спектаклот – „Нова империја“ и што може Брејди со Тампа Беј?

Со натпреаврот меѓу актуелниот шампион Канзас Сити Чифс и Хјустон Тексанс вечерва почнува новата сезона во НФЛ лигата. Чифс кои минатата сезона предводени од Патрик Махоумс стигнаа до првиот „Супербоул“. Во меѓувреме најталентираниот играч на денешницата потпиша договор на десет години вреден 500 милиони долари, а и поголемиот дел од ростерот ќе биде задржан во следните неколку години, поради што се поставува прашање дали Чифс може да бидат новата династија во лигата.

Пандемијата од коронавирусот донесе нова реалност во светот, а новата реалност ја зафати и НФЛ лигата. Веќе ништо нема да биде исто во Бостон. Том Брејди ги напушти Патриотс и потпиша на Флорида за Тампа Беј Баканерс. Тим кој е полн со талент, а единствен проблем минатата сезона беше Џејмис Винстон квотербекот кој успеа да запише 30 интерсепшни во една сезона. Покрај одличниот „рисивер“ двоец Еванс и Годвин, во НФЛ се врати и Роб Гронковски по едногодишна пензија, а тимот од Флорида го потпиша и некогаш најдобриот ранин-бек Ленард Фурнет од Џексонвил.

Интересно ќе биде да се види и што ќе може да прикажат и тимови како Балтимор Равенс, Њу Орлеанс Сејнтс, Сиетл Сихокс и Сан Франциско 49. Почетните кола поради пандемијата од коронавирусот како и сите други спортски настани во светот ќе се играат без присуство на публика.

Се вчитува...