Почнува новата “кралска” фудбалска обука (ФОТО)

Тренерите од Реал Мадрид Фондација пристигнаа во Македонија. Карлос Касилјас Санчез по третпат е координатор на камповите кои сега ќе се реализираат со клубовите Работнички, Кит Го и Тиквеш во Скопје, Штип и во Кавадарци. Носителот на лиценцата “Спорт Арена” верува дека шармот на Реал Мадрид Фондација Клиник ќе понуди фантастична фудбалска обука, но и незаборавно доживување за учесниците.

Хозе Рамон Бонал Санчез досега има искуство од САД, Сингапур, Холандија, Турција, Кина, Шпанија, Англија и Индонезија, а ќе биде одговорен за кампот на Реал Мадрид Фондација Клиник во Скопје во соработка со Работнички.

Карлос Санчез ќе работи во Штип во кампот на Кит Го, додека Мигел Ангел Ортега Вале ќе “командува кралски” во Кавадарци на кампот во соработка со фудбалскиот клуб Тиквеш.

Трите кампа ќе се одржат од 17. до 21. јуни и ќе имаат вкупно преку 200 учесници.

Се вчитува...