Почнува она вистинското: Србите по потешкиот пат, Шпанија и Австралија со лесни задачи

Со дуелот меѓу САД и Бразил и петтата победа во низа на американскиот состав и дефинитивно беше ставен крај на втората групна фаза од СП 2019, по што се познати и четвртфиналните пресметки што ќе се играат утре и задутре.

Вистинските возбудувања ќе стартуваат утре во 13 часот, со дуелот меѓу Србија и Аргентина. Поразот од Шпанија дефинитивно ги замрси сметките на Александар Ѓорѓевиќ и неговите избраници, па така не само што утре ќе мораат да ја победат силната Аргентина, туку за пласман во големото финале ќе треба во полуфиналето да го елиминираат и американскиот состав. Секако, претходно Американците ќе мораат да слават против Франција, селекција што прикажува одлични игри на СП 2019, а денеска го претрпе првиот пораз на шампионатот, во неизвесна завршница против Австралија.

„Кенгурите“ со овој триумф си обезбедија да се најдат на „полесниот дел од костурот“. Во четвртфиналето тие ќе се сретнат со Чешка, која оствари историски успех со самиот пласман во оваа фаза од мундијалот. Доколку нема поголеми изненадувања, Австралијците во полуфиналето би требало да ги одмерат силите со Шпанија, кога е огромен фаворит на утрешното четвртфинале со Полска.

Се вчитува...