Се очекува Серија А да биде една од најнеизвесните лиги во Европа сезонава. Овој летен трансфер период донесе особено големи трансфери кај тимовите кои влегуваат во конкуренцијата на фаворити во битката за скудето.
Први фаворити за титулата во пресрет на сезоната се екипите на Интер и Јувентус. „Нераѕурите“ го вратија Ромелу Лукаку, се засилија со Михтарјан, Онана, Аслани и Беланова, па повторно имаат комплетен тим и силна ротација. Јувентус успеа да го врати Погба, а дополнително потпиша со Ангел Ди Марија.
Во Топ 5 се наоѓа и актуелниот првак Милан. Интересно, во трката може да се вклучи и Рома. Тимот на Жозе Мурињо го доведе Пауло Дибала и сериозно го подобри квалитетот. Петтото место е резервирано за Наполи и Ељиф Елмас, кои котираат пред Аталанта и Лацио.
Новата сезона денес ја отвораат Милан и Сампдорија во 18.30 часот, а во истиот термин Сампдорија ќе ја пречека Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА