Подмладената Македонија на нов мегдан со Црна Гора

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра и вториот меч од ЕХФ ЕВРО купот против Црна Гора.

По поразот во Скопје од 21-29, Македонија во Црна Гора патува без најискусните, Сара Ристовска, Елена Ѓорѓиевска, Јована Саздовска и со просек на години од 20.3.

„Поради повреда во Црна Гора не патуваат Ѓорѓиевска, Ристовска, Саздовска и Коларовска. Во моментов повеќе личиме на кадетско младинска репрезентација бидејќи просекот на години ни е 20,3. Сепак, убеден сум дека ќе одиграме подобро и посигурно од првиот меч во кој исто така имавме шанси и неколкуте грешки и две/три судиски одлуки не чинеа подобар резултат. Патуваме со седумнаесет ракометарки и атмосферата во репрезентацијата е одлична“, изјави Савевски за ЕКИПА.МК. 

Натпреварот меѓу Црна Гора и Македонија кој ќе се игра во СЦ „Никшиќ“ е закажан за во 20.30 часот.

Се вчитува...