Погба си ги бара титулите во Премиерлигата

Приказната за наводното „мамење“ на Манчестер сити стигна до другиот крај на светот.

За време на престојот на Големата награда на Сингапур во Формула 1 шампионатот, Пол Погба беше замолен да ја коментира ситуацијата во која се наоѓа неговиот поранешен градски ривал.

„Искрено, немам што да кажам. Само се надевам дека ова нема да влијае врз Премиерлигата. И се надевам дека ќе си ги вратиме нашите две титули“, изјави освојувачот на Светското првенство во 2018 година.

Според „Атлетик“, Манчестер Сити би можел да се соочи со сериозни санкции, вклучително и можноста да му бидат одземени титулите во лигата освоени во спорниот период.

Се вчитува...