Погба со детали за уценувањето од братот и бандата: Ми вперија пиштоли во глава!

Пол Погба во полиција открил детали за случајот со уцена од неговиот брат и другарите од детството.

Матијас Погба моментално е во притвор, а Пол Погба во Торино е под полициска заштита. Иако се случил инцидент и во Торино пред околу два месеци и тоа пред тренинг-комплексот на Јувентус, полицијата се фокусира на случувањата на 19.март годинава во Париз.

„Тие вперија пиштоли во мене, беше застршувачки“, изјавил Погба.

Французионот бил на пат кон својот хотел, а бил заедно со пријател од детството именуван како Бубакар, друг пријател по име Адама и двајца браќа Рушдан и Махикур, кои го однеле фудбалерот во друг стан. Тие прво го приморале да го исклучи телефонот, а веднаш потоа во станот влегле две маскирани лица со пиштоли и панцири на себе, пренесува францускиот весник „Ле Монд“.

„Беше страшно. Двајцата ми вперија пиштоли во глава. Бидејќи ми се закануваа им реков дека ќе платам, но почнаа да викаат, ‘замолчи, држи ја главата надолу’. Еден од маскираните лица му шепна нешто на Рушдан. Кога си заминаа, тој ми рече дека морам да им платам, бидејќи сите сме во опасност“, изјавил Погба во полиција.

Се вчитува...