Покетино: Деле Али е како Роналдињо

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино има големо мислење за Деле Али. Аргентинскиот стратег го спореди со Роналдињо со кој во играчката кариера ја делеше соблекувалната на Пари Сен Жермен.

„Кога ќе го погледнете талентот и харизмата, Деле Али апсолутно личи на Роналдињо. Се сеќавам кога дојде во Тотенхем со која леснотија играше. Постигнуваше голови, децата и навивачите го обожаваа. Има енергија, која им се допаѓа на луѓето“, изјави Покетино. 

Деле Али во моментов е во немилост на Жозе Мурињо и годинава го изгуби местото во стартниот тим, па се очекува во јануари да го напушти Лондон, а како прв фаворит за негов потпис се споменува Пари Сен Жермен.

Се вчитува...