Покетино го „краде“ голманот на Мурињо

По девет години поминати меѓу стативите на Тотенхем, Хуго Лорис е блиску до заминување од престолнината на Англија и преселба во татковината каде за неговиот потпис се заинтересирани Маурицио Покетино и ПСЖ. Аргентинскиот стратег сака повторно да соработува со капитенот на „Спарс“, кој на 34 годишна возраст влегува во последната година од договорот со лондонскиот состав.

Французинот кој важи за еден од најдобрите голмани во светот не е на врвот на својата задача оваа сезона, во последните десет натпревари успеа да ја зачува мрежата само на дуелот против ВБА. Искусниот голман е познат по тоа дека може да го одбрани невозможното, но постојаните грешки оваа сезона можат да бидат пресудни за замена на „чуварот на мрежата“.

 

Управата на Тотенхем како наследник на Лорис го гледа Ник Поуп од Барнли. Англискиот репрезентативец со неговите одлични настапи го привлече вниманието на големите клубови на „Островот“, беше и цел на Челси, но на крајот овој трансфер не се реализираше. Покрај Тотенхем заинтересиран за 28-годишникот е и Вест Хем кој ќе бара замена за Лукаш Фабијански, а на крајот пресудна може да биде неговата цена, која изнесува 35 милиони евра.

Се вчитува...