Маурицио Покетино и официјално потпиша договор со кој стана нов менаџер на Челси, но аргентинскиот стратег уште во изминатите петнаесетина дена блиско соработувал со клупските директори околу стратегијата на пазарот во претстојниот преоден рок. Првата одлука што Аргентинецот ја донел се однесува на Жоао Феликс, откако Покетино јасно ставил до знаење дека португалскиот ас воопшто не му е потребен во тимот и може да си замине.
Феликс дојде на шестмесечна позајмица, клубовите разговараа за нова позајмица на една или две сезони, но ситуацијата се промени откако Боели го избра Покетино за наследник на Френк Лампард.
„Жоао Феликс нема да остане во Челси. Ни беше соопштено дека тој не е дел од плановите на новиот тренер Покетино, по што беа прекинати разговорите со лондонскиот клуб. Тој ќе се врати назад во Атлетико, по што ќе биде донесена нова одлука. Засега немаме никаков конкретен план“, изјави денеска претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Черезо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА