Покетино: Ќе се бориме до смрт за трофејот во Лигата на шампионите

Тренерот на минатогодишниот финалист на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, вели дека „париските светци“ ќе дадат се од себе оваа сезона конечно да ја освојат титулата европски шампион.

Тимот од Париз во среда на „Паркот на принцовите“ ќе го одигра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона, а на првиот натпревар на „Камп Ноу“, Барса загуби со резултат од 4-1.

Традицијата вели дека никогаш во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите не се случило некој да испушти предност од три гола стекната на гостински терен. Парижаните не ги потценуваат „каталонците“, но нивната цел не е само да ја минат оваа рунда, туку да стигнат до самиот крај на натпреварувањето.

„Јасно е дека нашата амбиција е да го освоиме трофејот. Секако, нема да биде воопшто лесно, многу клубови го сакаат истиот. Но, ние сме свесни за нашиот квалитет и нашата одговорност. Ќе дадеме се од себе, ќе се бориме до смрт за да ја постигнеме таа цел“, вели Маурисио Покетино.

ПСЖ ја испушти титулата минатата година. Францускиот тим беше поразен во финалето од Баерн со 0-1, а единствен стрелец беше Кингсли Коман. Една година порано, Покетино како тренер на Тотенхем го загуби финалето од Ливерпул со 0-2. Но, Аргентинецот инсистира на тоа дека болните спомени од тие порази нема да ги вознемируваат, напротив ќе ги мотивираат.

Се вчитува...