Маурицио Покетино ги разреши сите дилеми околу својата иднина, потпишувајќи нов договор како селектор на репрезентацијата на САД.
Аргентинецот беше споменуван како главен фаворит за нов селектор на „гаучосите“ доколку Скалони не потпише нов договор, но на Покетино очигледно му здодеа неизвесноста, па реши да ја прифати понудата за нов четиригодишен договор со американскиот национален тим.
Тој ја предводеше селекцијата на САД до првото место во групната фаза, потоа и триумф над БиХ во 1/16 финалето од СП, пред да биде елиминиран со пораз од Белгија.
Челниците на федерацијата беа презадоволни од работата и напредокот на репрезентацијата под водство на аргентинскиот стратег, му понудија нов четиригодишен договор, па Покетино денеска потпиша до 2030 како предводник на САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
