Покетино сега се кае: Не мислев да ја навредам Барса

Маурицио Покетино сега се кае за изјаватаљ дадена пред неколку години, кога јасно стави до знаење дека нема намера да седне на клупата на Барселона. Семејството Аргентинецот во тој период живееше во Барселона, а откако беше поврзуван со преселба на „Камп Ноу“ јасно стави до знаење дека на работата во каталонскиот гигант не гледа како на предизвик во кариерата.

„Попрво би се вратил на фармата во родното село отколку да ја водам Барселона“, изјави Покетино во едно интервју во 2018 година што често се прераскажува.

Сепак, откако шест месеци мина без работа по отказот добиен во Тотенхем, сега овој стратег ја „смени плочата“, свесен дека Сетиен „виси“ во Барселона и лесно може да се случи клупата на Барса да стане слободна.

„Сакам да појаснам некои работи во врска со изјавата што често се пвоторува во јавноста. Во тој период се сретнав со претседателот Бартомеу, децата ни одеа заедно во училиште и седнавме да разговараме неколку минути. Веднаш се појавија гласините за мојата преселба во Барселона и почувствував потреба да го демантирам тоа на најсилен можен начин. Еспањол е клубот каде го изградив своето тренерско име, но јас не сум арогантна личност и немав намера да искажам непочитување кон Барса“, се правда Покетино.

Останува да се види дали „извинувањето“ ќе биде прифатено, па Аргентинецот ќе влезе во комбинација во трката за нов тренер на Барса.

Се вчитува...