Пола Барса го бараше пехарот, на крајот го најде Гризман (ФОТО)

Еуфорично е расположението во таборот на Барселона по фантастичната игра во финалето против Атлетик Билбао и освоениот пехар од Копа дел реј.

Во целата еуфорија неколку минути не можеше да биде пронајден пехарот, за на крајот истиот да го најде Антоан Гризман – во багажникот од сопствениот автомобил.

Ова е прв пехар на Гризман освоен во дресот на Барселона, па којзнае, можеби Французинот сакал да преспие со него како што тоа го стори Роберт Левандовски со трофејот од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...