Полициска блокада на патарина: Стоп за Шверцери на патот за Тетово

Шкендија денеска во Тетово ќе го пречека новиот шампион Шкупи во дербито на претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига. Голем број навивачи на клубот од Чаир тргнаа кон Тетово како би дале поддршка на своите миленици, но на првата патарина беа сопрени од полицијата.

Овој натпревар нема резултатско значење за Шкупи кој ја завери титулата уште пред две кола, а од друга страна Шкендија мора да брка бодови бидејќи се уште е неизвесно нејзиното место во Европа следната сезона.

Натпреварот меѓу Шкендија и Шкупи е закажан за во 17 часот.

Се вчитува...