Полјакот Франковски нѝ суди против Лихтенштајн

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на квалификацискиот натпревар кој македонскиот национален тим ќе го одигра во Вадуц во петок против Лихтенштајн.

Главен судија ќе биде полскиот арбитар Бартош Франковски. Негови помошници ќе бидат Марсин Бониек и Јакуб Винклер, додека четврт судија Криштоф Јакубик.

ВАР судија ќе биде Павел Рашковски, а помошник ВАР судија Кжиштов Мирмус.

Франковски веќе еднаш има судено на Македонија. Тој беше главен судија на натпреварот од Лигата на Нации против Грузија кој во Скопје заврши без победник 1:1.

Се вчитува...