Хрватот Иван Перишиќ неславно заврши со синоќешните обиди за реализација на трансфер по желбата за заминување од Хајдук. Доживеа полноќен колапс во обидот за потпис со Комо, па сега ќе мора да активира нови планови за продолжување на кариерата.
Перишиќ изминативе денови беше топ тема во Италија. Најпрво беше одбиен од Фиорентина, па потоа се вклучија Џенова и Монца, за да вчера во акција тргне Комо кој успеа да го донесе трансферот до реализација, но веќе беше прекасно. Договорот бил потпишан после полноќ и двата клуба не успеале да ги разменат документите на време.
Сега, како што пренесуваат Италијанците, Перишиќ планира да побара раскин на договорот со Хајдук па како слободен играч да бара трансфер. Но, досегашните правила гласат дека доколку играч раскине договор по истекот на преодниот рок тогаш може да потпише само кога ќе се отвори следниот трансфер-прозорец.
Секако, прашање е и дали Хајдук ќе се согласи на раскин на договорот и тоа на своја штета затоа што би останал без 200.000 евра клаузула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА