Положани: Ефикасноста да биде на ниво, за да не бидеме елиминирани

Стратегот на Шкендија, Артим Положани, не крие дека очекува добро издание на својот тим на утрешниот реванш со словенечкиот претставник Браво. Тетовци влегуваат во реваншот со негатива од еден гол, откако на првиот меч во Љубљана имаа повеќе од играта, но промашија бројни шанси и на крајот претрпеа пораз.

Токму поради тоа, Положани акцентот на денешната прес-конференција го стави на реализацијата на создадените шанси.

„Во Словенија одигравме одличен наптревар, но ни недостигаше прецизност во завршницата на акциите. Ова е тоа најважното, меч да се биде или не, ефикасноста мора да ни биде на ниво, за да не ни се случи да бидеме елиминирани. Фактот дека ова е нокаут натпревар создава дополнителен притисок, но верувам дека ќе бидеме на посакуваното ниво“, изјави Положани.

На прес-конференцијата присутен беше и Дрилон Исљами, кој не крие дека тетовци со огромен оптимизам ќе влезат во утрешниот реванш.

„Атмосферата во екипата е многу добра, единствена цел рпед нас е победа и пласман во следната рунда. Се подготвивме максимално, ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до поскауваниот триумф. Се надевам дека ќе имаме и повеќе среќа бидејќи на првиот дуел промашивме неколку одлични шанси, дека овојпат топката ќе заврши во мрежата на противникот“, истакна Исљами.

Се вчитува...