Полска загуби од Србија „зад затворени врати“, пред мечевите со Македонија во Белград

Србија ја победи Полска со 81-66 (23-14, 19-16, 23-14, 16-22) во меч „зад затворени врати“ во подготовките за настапот на Светското првенство.

Според договорот со Кошаркарскиот сојуз на Србија, Полјаците се одлучи да не објавуваат детали за натпреварот но јасно е дека српските кошаркари доминирале на дуелот.

Полска сега ја очекуваат два пријателски натпревари со Македонија во Белград низ подготовките за предквалификацискиот олимписки турнир во Талин.

„Изгубивме од Србија после борба до последните минути. Србија е противник на високо ниво, но ние бевме конкретни во второто полувреме. Сега не чекаат натпреварите против Македонија“ – истакна Михал Михалек по мечот со Србија.

Се вчитува...