Бајлс успеа, кој ќе може да повтори: Стоејќи на раце си ги соблече тренерките (видео)

Спортистите измислуваат предизвици и си одговараат едни на други за побрзо да им мине времето во изолација, но се чини дека Симон Бајлс ги надмина сите.

Американската гимнастичарка, која има освоено четири олимписки злата, направи неверојатен трик, стоејќи на раце неполна минута, а притоа успевајќи да ги соблече тренерките што ги носеше.

Многумина ширум САД и Европа ќе се обидат да го повторат овој „трик“, но ретко кој ќе успее.

Се вчитува...