Полудо не можеше: Шпанија се врати во последните секунди, па обезбеди полуфинале

Шпанија славеше со 5-2 над Брегот на слоновата коска во првиот четвртфинален дуел од ОИ во Токио, по продолженија од двапати по 15 минути во меч што беше апсолутно најинтересен во досегашниот дел од фудбалскиот турнир на овие Олимписки Игри.

Шпанците се наоѓаа на работ на амбисот откако во 92. минута „слоновите“ постигнаа гол преку Градел и поведоа со 2-1, стигнувајќи на милиметар до полуфиналето. По тој примен гол шпанскиот селектор го уфрли во игра Мир, кој се претвори во херој на четвртфиналето. Само една минута подоцна Мир постигна гол за 2-2 со кој го одведе мечот во продолженија.

Африканската селекција беше во шок, Шпанија поведе со 3-2 со пеналот на Ојарзабал, по што Рафа Мир постигна уште два погодоци комплетирајќи го својот хет-трик и пласирајќи го патот на својата селекција до медал во Токио.

Ривал на Шпанците во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Јапонија и Нов Зеланд.

Се вчитува...