Магдалена Стоилковска заедно со Русинката Екатерина Козлонова изборија пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања во конкуренција на двојки. Македонско-руската комбинација во денешниот меч од второто коло забележаа победа од 2-1 во сетови (6-1 0-6 10-5 на поени) против Грете Гул и Ана Марија Тоттруп од Естонија за 56 минути игра.
Стоилковска и Козлонова го добија првиот сет со сигурни 6-1 во гемови, но во вториот сет беа убедливо надиграни и не освоија ниту еден гем. Во решавачкиот сет на поени беше 10-5 за Стоилковска и Козлонова, кои клучната предност ја направија откако поведоа со 7-0 на поени.
Утре во полуфиналето противнички ќе им бидат вторите носителки Теа Лукиќ од Германија и Наталија Сениќ од Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА