Ливерпул беше блиску до водство во првото полувреме во финалето во Париз, доминираше се до 35тата минута, а потоа можеше и да има негатива откако беше поништен гол на Реал Мадрид, поточно на Бензема.
Мане ја погоди и стативата, благодарение на одбраната на Куртоа, а токму голманот на „кралевите“ е херој на Реал во првиот дел. Пет удари кон голот имаше Ливерпул, Реал ниту една, но поседот на топката беше на страната на Шпанците.
Во финишот од првиот дел Бензема по една голема мешаница погоди, но по долгото прегледување на ВАР, голот беше поништен, иако со топката играше Фабињо, па таа стигна до францускиот напаѓач. Ливерпул како да падна во последните десетина минути, па му дозволи на противникот да се закани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА