Голови не видовме по првите 45. минути на финалниот натпревар во Купот помеѓу Силекс и Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“. Повеќе тактичко надмудрување, повеќе борба на средината на теренот, а сериозни шанси само три.
Силекс добро го почна мечот, ја имаше иницијативата, и првата прилика. Алиќ од свртување од околу 20 метри сакаше да го изненади Гаје, кој беше внимателен и одби во корнер.
Шкендија се ослободи од притисокот и тргна нешто поофанзивно. Изведе и неколку корнери и прекини, а токму од слободен удар Ндзенгуе со глава се обиде под пречката, Џеков одби во корнер.
Последната прилика во првиот дел ја имаа играчите на Шкендија. По една брза акција Љатифи проби по лево, додаде до Красниќи кој за малку не стигна да ја смести топката во голот на Џеков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
