Македонските спортисти ќе добијат финансиска помош од Владата на РСМ, во висина од минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај.
Ова е одлуката што на денешната прес-конференција ја објави Премиерот Оливер Спасовски, како дел од економските мерки за намалување на ударот што кризата со коронавирусот го има врз економијата во државата.
„За сите спортски работници и спортисти вработени во спортските колективи, Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај“, изјави Спасовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА