Поп Ацев четврти на маратонот во Санте Фе

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го освои четвртото место на маратонот во Санте Фе во Аргентина. Тој дистанцата од 15 километри ја исплива за 3:19.09.26 часа и за девет секунди заостана зад победникот, Италијанецот Франческо Гетини (3:19.00.68 часа). Второто место му припадна на неговиот сонародник Симоне Ерколи, кој задно само нешто повеќе од една секунда во фото-финишот, а на третата позиција исто така се пласираше Италијанец, Едоардо Стокино.

Во женска конкуренција, на маратонот во Санте Фе славеше Барабара Позобон, заокружувајќи ја комплетно италијанската доминација.

Се вчитува...