Најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев го освои деветтото место на трката на 25 километри на Европското првенство во пливање кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Поп Ацев имаше извонредна трка која ја заврши во фото-финиш, притоа завршувајќи ја со време од 4 часа, 37 минути и 34 секунди, притоа со заостанување од само една минута и 30 секунди зад новиот европски шампион Аксел Рејмонд од Франција. За само нешто повеќе од една секунда, македонскиот пливач не успеа да го освои и осмото место на шампионатот.
Сребрениот медал на трката го освои Матео Фурлан од Италија со време од 4:36.05 часа, а трет беше Русинот Кирил Абросимов со време од 4:36.06 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА