Попович: Не би било коректно кон Французите да се вадиме на отсутните

Американскиот селектор Грег Попович уште еднаш ја потврди својата големина, честитајќи им на Французите за заслужениот триумф, воедно и одбивајќи по едно новинарско прашање изговор за поразот да бара во отсуствата на бројните „ѕвезди“ од НБА-лигата кои откажаа во текот на летото.

„Франција одигра извонреден натпревар и заслужено победи, честитки до сите кошаркари и до стручниот штаб. Покажаа квалитет, одиграа неверојатно пред се во одбраната и го заслужија триумфот. Ние не бевме на посакуваното ниво, одигравме под просекот и поразот од еден вака силен ривал беше неизбежен. Дали пресудија отсуствата? Да се вадиме на тоа ќе биде некоректно кон Французите, но и кон нашите кошаркари кои работеа цело лето и дадоа се од себе во текот на овој светски шампионат“ – изјави американскиот селектор.

Следен предизвик за САД ќе биде мечот за пласман од петто до осмо место против Србија, дуел што беше најавуван како можно финале.

„Тоа ќе биде меч како и секој друг. И ние и Србите имавме поинакви замисли за овој шампионат, но ете ќе играме само за петто место“ – прокоментира Попович.

Се вчитува...