Популарна цена на картите за Ф8 завршницата во кошаркарскиот куп на Македонија

Од 15. до 17. февруари годинава Битола ќе биде домаќин на Ф8 завршницата во кошаркарскиот куп на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“. Организаторот на турнирот објави дека за само 300 денари ќе може да се проследат сите седум натпревари во „Боро Чурлевски“ арената.

Дневен билет за четвртфиналните натпревари: 100 денари
Дневен билет за полуфиналните натпревари: 100 денари
Билет за финалниот натпревар: 100 денари

Билетите во претпродажба ќе се продаваат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во вторник и во среда, а може да се купат на билетарницата на салата и на деновите на натпреварите.

12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
14.30: Еуро Никел“ – Чаир 2030
17.00: Работнички – ТФТ Моцарт
19.30: Пелистер – Феникс 2010

Се вчитува...