Поради долгови Интер мора да продаде една од своите „ѕвезди“

Италијанскиот вицепрвак Интер објави дека во сезоната 2021/2022 има загуба од речиси 140 милиони евра. Станува збор за подобрување, со оглед дека претходно минусот беше 245 милиони евра, а во италијанските медиуми постојат различни мислења дали миланскиот клуб треба да продаде некоја од своите „ѕвезди“ во јануари.

Доколку тоа е неопходно, тогаш се чини таа ѕвезда ќе биде Милан Шкрињар. 27-годишниот словачки стопер се поврзуваше со ПСЖ, но на крајот остана на „Меаца“. Словакот има договор до 2023 година, па на јануари може да си замине по значително помала цифра, па така Интер ќе биде принуден да продава уште некој фудбалер.

Спротивно од тоа, италијанските медиуми тврдат дека Шкрињар би можел да го продолжи договорот, но доколку тоа не се случи тогаш сигурно во јануари ќе се отвори можност за нови преговори за трансфер, за да заработи нешто со оглед дека на лето ќе биде слободен фудбалер.

Сепак, се чини дека тоа нема да биде доволно, и Интер ќе мора да продаде уште некој фудбалер. Се споменува исто дека Лаутаро Мартинез би можел да замине во некој голем клуб, со што „нероазурите“ би дошле на „прифатлив минус“.

Се вчитува...