Поради допинг – скандал и депресија олимписка шампионка на 22 години заминува во пензија

Олимписката шампионка на 100 метри градно од Игрите во Лондон во 2012 година, Литванката Рута Мејлутите најави дека се повлекува од пливањето поради проблеми со депресија, но и поради допинг скандалот во кој се најде.

Веста за повлекувањето на литванската пливачка е изненадувачка, бидејќи Мејлутите има само 22 години, но се претпоставува дека се решила за пензија бидејќи секако ќе ја очекува суспензија во траење од 12 до 24 месеци, поради тоа што не се појавила дури на три допинг контроли.

„Јас сум подготвена да свртам нов лист во мојот живот. Им благодарам на сите што ме поддржуваа сите овие години. Сега прва цел ми се студиите и да уживам во едноставните работи. Едноставно сакам да созреам, да се запознаам себе, но и да го запознаам светот“, изјави Мејлутите. 

Се вчитува...