Поради дожд откажан слаломот во Банско

Слаломот во Банско во рамките од Светскиот куп во алпско скијање, е откажан поради дожд. Покрај дождот, во Банско имаше и густа магла. Сето тоа придонесе за оштетување на патеката.

Прекинот беше означен после настапот на стартниот број 31, откако организаторите соопштија дека нема услови за продолжување на трката.

Од откажувањето најмногу се разочара Клемен Ноел од Франција, кој беше водечки во тој момент, пред Тимон Хауган и Хенрик Кристоферсен.

Вчера во Банско се возеше велеслаломот во Банско, на кој триумфираше Марко Одермат.

Се вчитува...