Поради невреме одложен стартот на 56. Мавровски Меморијал

Лошите временски услови беа причина за одложување на стартот на 56. „Мавровски меморијал“ во скијачко трчање, на кој треба да настапат повеќе од 50 учесници од Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Грција, Турција и од Бугарија. Поради снежните наноси и силниот ветар, стартот на денешната трка на патеката Мирна Долина е одложен.

Со положување свежо цвеќе од градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, на споменикот на загинатите градители, кои во далечната 1956 година го загубиле својот живот при изградба на електросистемот на хидроцентралата во Маврово, свечено беше отворен традиционалниот 56. Мавровски меморијал. Оваа манифестација е најстариот нордиски куп на Балканот и се вбројува во еден од најстарите нордиски купови во Европа и во светот.

Во 1957 година група на ентузијасти со цел да не се заборави големото дело на загинатите градители и спасувачи го организираа првиот куп наречен Мавровски меморијал.

Се вчитува...