Поради случка од 2001 година, Халанд никогаш нема да потпише за Манчестер Јунајтед

Норвешкиот суперстар Ерлинг Халанд, во последно време се повеќе се споменува за трансфер во некој од големите клубови. Реал Мадрид и Барселона водат во трката, а тука се и двата клуба од Манчестер.

Меѓутоа шансите Халанд да потпише за Јунајтед се сведени на минимум, и тоа поради историска случка. Сеќавањата се враќаат во 2001 година, и стадионот „Олд Трафорд“ само поради поранешниот играч Рој Кин.

Некогашниот фудбалер Пол Инс тврди дека Халанд никогаш не би потпишал за Јунајтед поради шокантната пресметка меѓу Кин и таткото на Ерлинг, Алф-Инг Халанд во 2001 година. А, сите добро знаат дека токму неговиот татко и манеџарот Рајола се грижат за кариерата на Ерлинг Халанд.

„Јунајтед треба да ангажира нов напаѓач, а ситуацијата со Халанд е незгодна поради случувањата на неговиот татко со Рој Кин. Сите знаеме што се случи во таа 2001 година и мислам дека поради тоа Ерлинг никогаш нема да потпише за Јунајтед“, вели Инс.

Се вчитува...